Нова книга од Стефан Влахов-Мицов: „Држава како се гради и брани“

„Држава како се гради и брани” од проф. д-р Стефан Влахов – Мицов, излезе од печат, во издание на „Матица македонска”.Авторот студиозно пишува за македонскиот континуитет низ вековите, а главен акцент става на македонскиот идентитет според историските факти.

Тој зборува и за партијноста која ја нагризува државата. Посебно внимание побудуваат текстовите „Односот кон македонското минато” и

„Концепт за иднината на македонската држава”, во кои станува збор за македонското име, за односите со соседите и со големите сили, за еквидистанцата на Киро Глигоров, за Стојан Андов, идејниот творец на Законот за лустрација, за младите и политички неопитни премиери Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, за трансформацијата и за митарењето на одредени мислечки имиња во Македонија…

Влахов – Мицов е автор на дваесет книги од областа на филозофијата, публицистиката и книжевната критика и есеистика. На македонски јазик ги објавил делата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет”, „Вируси за поматени мозоци”, „Хероите и потомците” и „Македонската еманципација на Балканот”. Добитник е на почесното „Рациново признание” и на наградата „Духовен воин”.

- Реклама -