Апликација на денот – Yahoo Weather

Yahoo Weather е една од најдобрите апликации за приказ на временската прогноза, а тоа што најмногу ја прави оваа апликација квалитетна е нејзиниот фантастичен дизајн кој ќе ве освои на прв поглед. 

Yahoo Weather - screenshot
Yahoo Weather обезбедува соодветна слика која одговара на надворешните временски услови и тоа со прекрасна позадина од градот во кој се наоѓате. Корисниците на Android ќе може да инсталираат и виџет односно кратенка на почетниот екран за приказ на најважните информации од временската прогноза.
Yahoo Weather - screenshot
Меѓутоа освен убаво дизајнираните позадини и големата прегледност Yahoo Weather прикажува и огромен број на детални податоци за временската прогноза како степен на влажност, брзина на ветер, воздушен притисок, приказ на сателитски и радарски мерења и многу други.
Yahoo Weather - screenshot
Со Yahoo Weather ќе бидете информирани за временската прогноза во текот на 24 часа, како и за наредните неколку денови. Yahoo Weather е бесплатна за превземање од Play Store и App Store.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk
- Реклама -