Facebook размислува за додавање на копче “Симпатизирај“

Социјалната мрежа веќе подолго време размислува за оваа функција, чија идеја беше претставена на Facebook hackathon, објасни за The Huffington Post, инженер на Facebook.

Според него, ако сте тагирани на некој пост со негативна емоција (претставена преку некое знакче од Facebook емоциите), копчето “симпатизирај“ автоматски ќе го замени копчето “лајк“. Од тоа можеме да видиме дека колку и да сакаме, Facebook нема да додаде копче “не ми се допаѓа“.

Сеуште не се знае кога точно опцијата “симпатизирај“ ќе биде имплементирана во социјалната мрежа, објасни потпаролот на компнијата. Дотогаш, компнијата планира да си молчи и да не остави во исчекување.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -