Го подготвивте ли автомобилот за зима?

Првиот снег веќе  падна, но  се уште има возачи, чии што автомобили не се подготвени за зимските услови. Затоа решивме денес да ве потсетиме  што е она што потребно за да биде вашиот автомобил во исправна состојба во студените месеци. За целта најдобро контактирајте  специјализиран сервис и направете детална проверка  на автомобилот. Доколку не сте во можност во скоро време да направите детална проверка, привремено направете нешто сами и подгответе се за зимските патишта.

1. Заменете ги летните гуми со зимски.

2. Проверете го нивото на наполнетост и густината на електролитот на акумулаторот.

182677694

 3. Заменете  го моторното масло.

Во зима е пожелно да користите масло со ниска густина (5W-30; 5W-40) или универзални масла (5W-40). Овие масла се згуснуваат послабо при ниски температури, што ќе обезбеди полесен и уверен старт на моторот.

4. Набавете  зимска течност за бришачи.

Таа треба гарантирано да останува течна при температура од -20 целзиусови степени.

5. Проверете ја  исправноста на сопирачките.

При нагло сопирање, сите гуми треба да блокираат подеднакво, за да се избегне лизгање.

E009438

 

 6. Проверете ја состојбата на бришачите.

Тие треба да го чистат добро стаклото со два позега. Ако не е така, заменете ги.

7. Оставете во багажникот гума, лопата, кабли, две јажиња.

Сето ова може да ви  помогне не само на вас, но и на други возачи во тежок момент.

 

- Реклама -