Следната генерација на електрични скутери е пикап на две тркала

Електричните скутери и не се некоја новост, меѓутоа електрични скутери кои можат да носат товар, тоа е веќе друга приказна. Овој нов концепт само ќе го надополни и олесни патувањето низ градската гужва.

Овој нов изум од компанијата Lit Motors се надеваат дека наскоро ќе можат да го пуштат во сериско производство.

Овој 100% електричен скутер на прв поглед изгледа доста чудно кога би се споредил со традиционален мопед или скутер, но тоа е поради тоа што може да превезува повеќе од еден патник. Инаку има простор за багаж од 22 инчи квадратни или 136 килограми товар.

Компанијата има кампања на Kickstarter и се надева дека ќе присобере 300.000 долари до 20 декември, што ќе биде доволно да се отпочне со производство веќе од април 2014 година.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -