После ова срамота е Европа да не прекорува

Европа често не критикува дека нам ни е  потребно подобрување и реформи во делот со човековите права, поконкретно дискриминацијата.  Но колку големите европски земји навистина ги почитуваат човековите права?

Огромен скандал ја стресе Франција , каде во два угостителски објекти ги дискриминирале гостите на начин кој воопшто не доликува на една европска земја. Имено, два објекти во главниот град се обвинети за распоредување на гостите во завсност од нивниот физички изглед.

Така, убавите луѓе добивале подобри места, додека оние со полоши црти седеле покрај тоалетот.

Скандалот изби откако поранешна келнерка од ресторантот „Жорж“, кој се наоѓа на последниот кат во центарот Жорж Помпид, раскажала како би била прекорена доколку некоја „гадна личност“ ја стави на видно место, со образложение дека го уништува имиџот на ресторантот.

Слична приказна раскажале и од кафулето „Марли“, популарен локал во близина на музејот Лувр.

Само доколку неубавиот гостин е позната личнот, можел да биде сместен на истакнато место, со цел да ги привлече посетителите на музејот.

Принциот се применувал и кај вработените. Така што ако не сте убави, не смеете да бидете келнер.

- Реклама -