Официјалниот трејлер за првиот LEGO® филм!

LEGO® филмот е првата, долгометражна, театрална авантура, во режија на Фил Лорд и Кристофер Милер, а главната премиера ќе се одржи на 7 Февруари наредната година.

Главните ѕвезди кои ќе ги покажат и своите вокални способности се: Крис Прат, Вил Ферел, Елизабет Бенкс, Вил Арнет, Ник Офермен и Алисон Брие, заедно со Лиам Нисон и Морган Фримен.

Оригиналната 3D LEGO® компјутерска анимирана приказна го следи Емет, обична LEGO мини-фигура, која никогаш во животот нема прекршено ниедно правило, но по грешка тој е идентификуван како најпрекрасната и највозбудливата личност на целиот свет, клуч кој ќе го спаси светот. Многумина од обожавателите на LEGO со нетрпение го очекуваат ова LEGO® филмско патување.

[youtube]http://youtu.be/fZ_JOBCLF-I[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -