Домот на Стив Џобс е прогласен за историски споменик

Историската комисија на Силиконската Долина го призна домот на основачот на Apple, Стив Џобс за атракција. Станува збор за куќата на Џобс, во која тој и Стив Возниак го создале првиот компјутер. Сите промени направени во дизајнот на зградата во стилот на ранч кој се наоѓа Лос Алто, сега ќе бидат разгледани од посебна комисија.

Куќата во моментот привлекува голем број туристи. Претставници на Историската комисија на Силиконската Долина соопштија дека сегашниот сопственик на куќата, сестрата на Стив Џобс, нема ништо против одлуката за признавање на куќата за историски споменик.

Стив Џобс и Стив Возниак заедно со неколку соработници го создале првиот компјутер во новоформираната компанија Apple, а самото создавање на системот се случило во гаражата на домот на Џобс во Лос Алтос. Подоцна компанијата се преселила во Купертино. Основачот и шеф на Apple, Стив Џобс почина во 2011 година на 56 годишна возраст.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -