Колку пари ви се потребни за да го купите Париз?

Според математиката објавена во книгата „Que vaut Paris?”  ( Колку чини Париз), градот вреди околу 706,9 милијарди евра.

Авторите на книгата, историчарот Патрис де Монкан и Жил де Буржи, тврдат дека евентуалниот купувач на француската престолнина би требало да издвои минимум 700 милијарди евра за да стане негов сопственик.

Поради одредување на вредноста на главниот град на Франција, двајцата автори најпрво направиле проценка на околу 1,3 милиони станови кои се наоѓаат на пописот. Така дошле до сума од 525,147 милијарди евра, на кои додале уште 142 милијарди за работните простории, како и 39,638 за бутиците (84.000).

Колку и да делува астрономска, оваа сума не ги вклучува историските споменици како Ајфеловата кула, Јелисејската палата и Лувр, чија што вредност се движи од 1,2 до 7,5 милијарди евра.

- Реклама -