Цеца денес подготвува големо изненадување за својата публика

Обожавателите на Светлана- Цеца Ражнатовиќ денес ги чека големо изненадување.

Поточно, пејачката одлучила на српскиот сајт „Blic“ точно во 15 часот премиерно да го покаже својот нов спот.

Екранизацијата на новата песна во која е вложено многу пари делува луксузно, а истовремено и бајковито, така што пејачката очекува одлична реакција.

Месец дена по летувањето на Цеца, конечно дојде време да дознаеме што правела две недели на егзотичниот Тајланд и со кој згоден манекен разменувала нежни допири и погледи.

Инаку, по враќањето од Тајланд Цеца рекла дека тоа било нејзиниот најдобар одмор.

- Реклама -