Погледнете ги подготовките за свадбата на Новак Ѓоковиќ

Сè е подготвено за свадбата на првиот рекет во светот.

Идните младенци вечерва ќе се забавуваат, а утре е закажан гламурозен свадбен прием во ресортот „Аман“ на Кралската плажа.

Јелена и Новак побараа апсолутна дискреција, па собарките, хостесите, готвачите, членовите на обезбедувањето и сите останати кои се ангажирани за свеченоста потпишале договор дека нема да откриваат никакви детали од свадбената церемонија, како и да не користат мобилни телефони и фотоапарати.

Како што дознаваат српските медиуми, додека трае забавата, на туристите нема да им биде дозволен влез на островот, а дел од патот ќе биде затворен за два дена. Инаку, свадбата на Јелена и Новак е вистинска атракција за туристите од странство.

Освен новинарите, кои пристигнале од целиот свет, многу обожаватели на Ѓоковиќ се фотографирале пред Свети Стефан извикувајќи го неговото име.

За изборот на декорацијата на венчавката најмногу заслужна е самата Јелена.

– Акцент е ставен на нежните и пастелни бои, но Јелена не сакала тоа да биде класично, па декорацијата е многу интересна и необична. Битно ѝ е да биде уредено со вкус и да има посебен шмек- вели извор близок на двојката.

- Реклама -