Огромен билборд во чест на синот на Ѓоковиќ

Родителите на Новак Ѓоковиќ, мајката Дијана и таткото Срѓан, најавија дека бурно и весело ќе го прослават раѓањето на својот прв внук.
На зградата во Нов Белград во која се наоѓа ресторанот „Новак“, во сопственост на семејството Ѓоковиќ, се појави необична порака која не може да остане незабележана.

Семејството Ѓоковиќ на сите им даде до знаење дека добиле нов член во семејството.

View image on Twitter

На платно, долго неколку десетина метри покрај фотографијата од гордите родители Новак и Јелена, пишува „Роден е Стефан, новиот Ѓоковиќ, No 1“, со датумот на раѓање на бебето- 21-ви октомври 2014 година.

- Реклама -