Лажната слика од бебето на Ноле го преплави интернетот

На интернет уште од минатата ноќ е објваена фотографија од бебе, наводно, синот на Новак и Јелена Ѓоковиќ.
Новак и неговата сопруга минатата ноќ станаа горди родители на нивното прво дете, синот Стефан, а на интернет се појави слика од бебе во болница и тврдат дека Новак ја објавил фотографијата.

На сликата, сликана покрај прозорот на болницата, се гледа бебе во рацете на медицинска сестра, но тоа не е детето на Новак и Јелена.

Ѓокович се уште нема објавено никаква статија од нивното новородено бебе, а штом ќе објават, ќе знаете први за тоа.

- Реклама -