Кончита лобира за српската претставничка на Евровизија- Бојана ги воодушеви австриските медиуми

Австриските весници деновиве особено имаат пофалби за Србија на Песна на Евровизија, Бојана Стаменов по нејзиниот настап во првото полуфинале на Евровизија, со оцена дека таа дури може и да победи на овој натпревар.
Речиси сите медиуми, во своите извештаи од првото полуфинале, имаат особени пофалби за Бојата и нејзиниот настап.

Австрискиот весник „Курир“, по првото полуфинале, пишува дека Стаменов сега може да се надева на победа.

Србинката со својот миск од поп и диско музика предизвика голем аплауз, констатира австрискиот „Кронен Кајтунг“.

Најдобар настап во првото полуфинале беше на „српската Адел“ Бојана Стаменов, со својата ритмична поп песна, истакнува „Прес“.

Меѓу финалистите се Бојана Стаменов и Русинката Полина Гагарина кои спаѓаа во фаворитите, укажува „Естерајх“.

Исто така, и минатогодинешниот победник на Евровизија, Кончита сака Бојана да победи на овогодинешната Евровизија.

– Кончита прва ѝ честиташе на Бојана за пласманот во финалето. Целосно е воодушевена од неа и тоа не го крие. На сите само ја фали Бојана и бара да се гласа за неа. Освен тоа, таа има доста пријатели меѓу Србите во Виена, што е дополнителен мотив повеќе да навиваат за Бојана- вели извор за српскиот „Blic“.

- Реклама -