Кајмакоски би бил милионер во Америка: Погледнете ги наградите на победниците на X factor низ светот

Во неделата вечерта заврши првата сезона на X factor Adria, a победникот Даниел Кајмакоски доби 10.000 евра и автомобил мини-купер. Да победеше во Американската или британската верзија на шоуто ќе добиешет повеќе од милион долари!

Американски X factor: Во првите две сезони новчаната награда изнесувала дури пет милиони долари, додека во претходната сезона била намалена на милион. Освен тоа победникот добива и договор за албум и снимање на неколку спотови.

Австралиски X factor: Победникот добива награда во износ од 330.000 долари.

Во Британскиот X factor вкупната награда изнесува 1,7 милион долари, а победникот добива парична награда од 250.000 долари, додека остатокот се однесува на договори за снимање на албум.

Победникот на „ X factor Adria“ Даниел Кајмакоски за првото место доби договор за снимање на албум, два спота, 10.000 евра и автомобил мини купер.

- Реклама -