Хурем завршила пијана во болница

Хурем Султан, како што најдобро ја знаеме благодарение на серијата „Сулејман Величествениот“, завршила во болница откако испила голема количина на алкохол.

Мерјем Узерли (31), во моментов се наоѓа во Белград, од каде што работи на нова серија. Таа  ужива во српските локали и сплавови заедно со своето момче Озан Ѓувен, кој во „Величествениот“ го глумеше нејзиниот најголем сохузник Рустем Паша.

Сепак, на една од забавите и се слошило, со оглед на тоа што испила премногу вотка и шампањско. Актерката потоа завршила во болница, каде што и била укажана лекарска помош и инфузија.

За среќа, актерката во моментов е во добра состојба, пренесуваат српските медиуми.

hurem i ristem

- Реклама -