7 години без Тоше – човекот што повторно ја соедини Југославија

После претседателот Јопип Броз Тито, Тоше Проески беше засега единствениот кој што успеа да го сплоти Балканот преку неговиот лик, музиката, харизмата.

На денешен ден пред седум години, на само 26 години, тој трагично го загуби животот на автопатот кон Загреб.

Тоше  и покрај огромната популарност која ја стекна, целеше кон тоа да остане човек, без лажна скромност и со голема верба кон Бога, а се помала кон човештвото.

Тој во неговото последно интервју со огромна жал говореше за тоа како луѓето материјално ја оценуваат личноста, заборавајќи ги вистинските вредности, вредности за кои што тој се залагаше со сето свое срце.

Тоше го негуваше духовното. Тој правеше хуманитарни концерти, градеше цркви, ги сакаше сите, а ние за возврат му останавме верни и денес, негувајќи ги неговите дела, продолжувајќи да ја слушаме неговата музика и да ја пренесуваме неговата порака.

Од тој ден, повеќе естрадата не е иста. На секоја манифестација се диши неговиот недостиг, насмевка и вонсериски глас.

Почивај во мир.

- Реклама -