Оваа кошула не се витка, не мириса и е идеална за патување

Кога човек патува на подолги временски периоди, тоа често значи дека треба да го жртвува стилот во корист на практичноста.

Сепак, ова може да се промени.

Компанијата Libertad Apparel ја претстави својата „Идеална кошула за патување“ на сајтот за прибирање средства Kickstarter.

Без разлика дали шетате низ Милано или имате работа во Сингапур, оваа класична кошула е направена така што ќе издржува патувања од по неколку дена без да се изгужва или да замириса.

k1

Кошулата е изработена од специјален материјал, кој што е мек и е поиздржлив на мириси. Се претпоставува дека материјалот кој е создаден од посебна раса овци, впива повеќе течности од полиестерот, суши побрзо од памукот и не впива од миризбите на телото.

k2

Кошулата е тестирана во различни климатски услови, за време на пет последователни дена и оние кои ја носеле, тврдат дека за целото тоа време, истата не се изгужвала и ја задржила првичната миризба.

Целта на компанијата е да собере 50 000 долари, а засега успеала да собере околу 18 000. Цената на кошулата е 87 долари на Kickstarter.

- Реклама -