10 автомобили што мажите ги обожаваат

Да, мажите го сакаат својот автомобил, но денеска ќе ви ги презентираме најимпресивните возила – оние по кои што машката половина од населението воздивнува кога ќе ги види.

Maserati GranTurismo S – 150 000 долари

1

Maserati GranTurismo S беше лансиран на пазарот во 2007 година, а три години подоцна веќе се предлагаше и кабриолет модел. Автомобилот, кој е во сопственост дури и на Лионел Меси, може да развие од 0 до 100 км / ч за 4.9 секунди. Неговата максимална моќ е 293 км / ч, што е добро достигнување за автомобил со тежина од 1,8 тони.

Porsche 918 Spyder – 848 000 долари

2

Хибридот на Porsche развива до 100 км / ч за само импресивни 2,5 секунди. Моќноста му е импресивна – 887 КС, но и цената започнува од 848 илјади долари. Многу ли е? Погледнете ја тогаш повторно фотографијата.

Chevrolet Corvette C6 ZR1 – 112 000 – 130 000 долари

3

Синиот ѓавол е со моќност од 638 к.  и може да развие до 328 км / ч.

Bentley Mulsanne – 300 илјади долари

4

Автомобилот е со 6.75-литарски V8 мотор. Тоа е еден од оние автомобили кои се репер за класа и престиж.

Aston-Martin Rapide – 201 000 долари

5

Автомобилот е со 470 КС, инспиративен ентериер и може да е ваш за сума од 201 илјади долари.

Ferrari 458 – 237 000 долари

6

Развива до 100 км / ч за само 3.3 секунди при тежина од 1,4 тони.

Lamborghini Aventador – над 400 000 долари

7

Неверојатно моќен автомобил, кој достигнува до 100 км / ч за само 2,9 секунди. Од компанијата најавија дека ќе произведат само 4.000 возила, за кои дури и ќе мора да се чека.

Chevrolet Corvette C7 – 115 000 долари

8

Највпечатливо тука е тоа што моделите се со 6 брзини или 7-брзински мануелен менувач. Моделот располага со 6.2-литарскиот V8 LT1 мотор.

Honda (Acura) NSX 2015 – 150 000 долари

9

Првично се очекуваше да се појави на пазарот во 2015 година, но пред неколку дена беше најавено дека ќе биде пуштен во продажба во првиот квартал на 2016 година Основниот модел ќе биде со цена од 150 000 долари.

Jaguar XF Premium Luxury – меѓу 45 000 и 95 000 долари

10

Луксузен и не многу скап – меѓу 45 000 и 95 000 долари. Со него може да се развие до 238 км / ч, а од 0 до 100 км / ч се постигнува за 6,7 секунди.

- Реклама -