Прв Бизнис Симулатор во Македонија и регионот – Seavus Академиите со уникатен проект за зголемување на вработливоста

Еден од проблемите во почетниот кариерен развој на студентот од една страна, и барањата на компаниите од друга страна е брзината и начинот на надминување на јазот помеѓу едукацијата и професионалната подготвеност.

Праксите за студенти нудат само делумни корекции на состојбата, но фактите говорат дека проблемот на неподготвеност на јуниорите е се уште присутен.
Во тој правец, Seavus Едукативниот и Развоен Центар воведува нов, по многу нешта иновативен проект кој ќе помогне да се надмине јазот помеѓу работната подготвеност на студентите и барањата на компаниите.

Screenshot_4
Се работи за првиот Бизнис Симулатор во земјата и регионот, кој ќе им овозможи на студентите активно да искусат реална бизнис околина преку професионално усовршување во специјална тренинг програма со нивно директно поставување на конкретна позиција – улога во симулиран бизнис процес под менторство на ИТ компанија преку примена на концепт на проектно менаџирање, обврски, рокови и награди.
Проектот, чиј носител е Seavus Едукативниот и Развоен Центар, започнува од септември 2015 и е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact, Швајцарска фондација за техничка соработка во партнерство со ПРЕДА Плус.

Screenshot_7
Бизнис Симулаторот на Seavus Едукативниот и Развоен Центар во првата – пилот година ќе биде привилегија само на студентите на трите академии од програмата 2015/2016: Програмирање, Мрежни системи и Дизајн.
Со овој модел, Seavus Едукативниот и Развоен центар уште еднаш потврдува дека е лидер во ИТ едукацијата кај нас.

- Реклама -