Најмоќниот хечбек во светот!

Пред извесно време Audi RS3 беше најмоќниот хечбек на патиштата со 367 коњски сили и погон на сите тркала.

Со доаѓањето на Mercedes A45 AMG, тој ја загуби титулата за најмоќниот компактен автомобил, но повторно ја враќа?!

Мајсторите од тјуниниг работилницата ABT го доработија Audi RS3, кој се потпира на 2.5 литарски турбо бензински мотор со пет цилиндри. Со вклучување на нов издувен систем со ECU адаптација и промена на основните параметри на турбополначот, овој мотор е со зголемени од стандардните 367 коња до 430 КЅ.

Со вака набилданиот агрегат сега хечбекот забрзува од место до 100 km/h за само 4,1 секунди, што еподобар резултат од Mercedes A45 AMG.

- Реклама -