Купете си нова Nokia 3310 за само 6 евра

Популарната веб-страна за онлајн продажба – AliExpress, најави дека наскоро, на неколку дена, во својата понуда ќе има потполно нови телефони од моделот Nokia 3310, и тоа по неверојатно ниска цена од 6 евра. Ќе можете да ги нарачате од Сингапур, а чекањето обично трае од 3-4 седмици. Купувачот е ослободен од трошоците за испорака.

Своевремено, телефонот направи вистинска револуција на пазарот, а со својот именик од 250 контакти, 35 мелодии, часовник, штоперка, аларм, калкулатор и батерија што може да им парира и на оние денешните – беше меѓу најнапредните модели.

Денешниот култ кон овој модел е уште поголем од тогашниот. Цел интернет е преплавен со шеговити илустрации за издржливоста на Nokia 3310, a многумина го сметаат за најквалитетниот мобилен телефон на сите времиња. Ако сте и вие дел од масата фанови, побрзајте со нарачките – сигурно залихите нема да траат долго.

- Реклама -