Инстант психолошки тест: Нацртај „Q“ и дознај дали си добар лажго

Сите лажеме, ама некои се подобри од останатите. Добриот лажго е свесен како го перцепираат другите и знае да ги прилагодува движењата, емоциите и изразите. Лошиот лажго може самиот да мисли дека му оди добро, но бидејќи гледа на нештата претежно од своја перспектива, не е многу убедлив за другите.

Постои краток психолошки тест кој може да ви открие во која од овие две групи спаѓате вие.

Испружете го показалецот на доминантната рака. Сега имате 5 секунди да си ја нацртате латинската буква Q на челото.

liar
Значење:
– Ако ја нацртавте буквата со опашката на лево, вие сте потполно свесни како другите луѓе гледаат на вас. Ви одговара кога сте во центарот на вниманието и најважното (во овој случај) – вие сте добар лажго.
– Повеќето од луѓето ќе ја нацртаат буквата со опашката на десно, бидејќи самите тие така го перцепираат. Ако и вие направивте така, тоа значи дека сте повеќе интровертна личност и не сте многу вешти во лажење.

ПС. Истиот трик можете да го искористите и за да дознаете дали можете да им верувате на другите – само натерајте ги да го направат тестот на себе и опсервирајте ги резултатите.

- Реклама -