Сакале – нејќеле, сите сме (по малку) расисти

Колку и да негираме, луѓето имаат природна тенденција да се делат на „ние“ и „тие“. Ова може да доведе до расизам и други предрасуди, како хомофобија.

Родолфо Мендоза-Дентон, автор на „Are We Born Racist“ (превод: „Дали се раѓаме како расисти?“), во интервју за UC Беркли, изјави дека „истражувањата покажуваат дека човечките суштества имаат природна склоност да прават разлики меѓу „ние“ и „тие“.

„Оваа природна наклоност има преживувачка улога. Важно е да знаете кому да му верувате и со кого да делите ресурси, а кој е непријател“, објаснува Дентон.

Сепак, за разлика од тврдењата произлезени од претходните истражувања, Дентон тврди дека расните предрасуди не се „вкоренети“ во мозокот – вграден е само потенцијалот за предрасуди.

Моменталното научно разбирање сугерира дека сме предодредени да правиме разлики кои се од помош во навигацијата низ нашиот друштвен свет, но не и дека „мораме“ да бидеме расисти.

„Во модерните општества, човечката тенденција кон предрасуда е многу штетна. Особено во мултикултурните општества, предрасудите се често многу ограничувачки и многу опасни. Таквите тенденции можат да им овоможат на луѓето да имаат поедноставен поглед на светот, но доаѓаат по голема цена по луѓето кои се нивна мета“.

- Реклама -