GoPro Hero 4 Session e мала камера со големи можности

Hero 4 Session е новата генерација на GoPro камерите, која ќе биде по цена од 399 долари и ќе излезе на пазарот следната недела.

Таа е во форма на коцка, има можност да снима 1440р видеа со 30 фрејмови во секунда, 1080p при 60 фрејма во секунда и 720p при 100 фрејмови во секунда. Камерата е водоотпорна и издржува до 10 метри под вода.

gopro-hero4-620x423

Нејзиното користење е едноставно. Таа има само две копчиња, со тоа што главно е црвеното со тркалезна форма, кое служи за старт и стоп на снимањето/сликањето и исклучување на Hero 4 Session. Ова помага за подобрување на еден од главните проблеми кај камерите на GoPro, a тоа е токму животот на батеријата. При постојано користење Session ќе може да издржи од еден до два часа, но со ова исклучување и вклучување секој пат времето може значително да биде продолжено. При задржување на главното копче за 3 секунди се вклучува режимот за слики. Второто копче е за вклучување / исклучување на Wi Fi.

Hero 4 има два микрофони – едниот се наоѓа напред, а другиот од позади, со тоа што постојано се подесуваат за намалување на шумот од ветер. Тие се направени на начин што течноста ќе може да се отстрани брзо, откако ќе се извади камерата од под водат.

gopro-herp4-sesson-strap-620x414

- Реклама -