Грчки бонуси: 25 евра за загревање на моторот, 420 за миење раце

Намалувањето на буџетските трошоци во Грција засегна и голем број бизарни, па дури и куриозни бонуси исплатени од државата.

Во средата кога земјата се најде на работ од банкрот, на позадината на бесните улични протести, беа усвоени пакет антикризни мерки. Тие предвидуваат икономисвам на 28 милијарди евра за период од 5 години. Со 14.09 милијарди евра треба да се зголемат приходите во државната каса, а трошоците во буџетот да се намалат за 14,32 милијарди евра.

Германскиот весник Handelsblatt нуди листа од некои бонуси кои мораат да бидат укинати . Тие сликовито сведочат за тоа колку не бил лош животот во грчкиот јавен сектор. Истите, сега се отстрануваат од државните трошоци, а Грците не можат да се помират со реалноста. Излегува дека возачите на службени автомобили, кои управуваат со дизел мотори, добиваат по 25 евра месечно за “загревање на моторот”. Машиновозачите, заработувале дополнителни 7 000 евра бонус во годината. Тоа не било доволно, па така тие добиваат уште 420 евра месечно за почитување на санитарната хигиена.

Секој четврти железничар добивал  пари (450 евра) за да си ги мие рацете неколку пати дневно. А одморот на вработените во секторот се пресметувал како денот да има 28, а не 24 часа. Добро си живееле и возачите на автобуси во Атина. Месечно имале доплата од 310 евра, ако во текот на месецот не задоцнеле ниту еден ден на работа. Но ваквата практика била распространета и кај некои државни службеници – имале додаток на платата, за да дојдат навреме на работа. Куририте во министерствата и другите институции добивале дополнително кон платата по 290 евра, фактички за извршување на своите обврски. А вработените во државните институции добивале бонуси за тоа дека се занимавале со копирање на документи. Уште по куриозно: на судиите им биле доплаќани одредени износи, за да бидат совесни. Освен тоа стоматолозите кон државниот осигурителен фонд IKA добивале право да ги покриваат транспортните трошоци на сметка на јавните средства. Иако, како што забележува Handelsblatt, повеќето од медицинските лица работеле, без да ги остават канцелариите.

- Реклама -