Безбедна и опасна пластика: Како да ги препознаваме?

Луѓето воглавно користат иста пластика од шишињата од вода или сок, повеќе пати, не знаејќи дека тоа може да биде отровно. Меѓутоа, одредени амбалажи се наменети исклучиво за една употреба.

На дното на секое пластично шише се наоѓа триаголник со број во средината, а под него е ознаката која ви говори колку е опасна пластиката. Ако шишето е наменето за еднократна употреба не би требало да го користите повеќе пати. Еве што значи секојa ознака.

ОВА ШИШЕ ОБАВЕЗНО ФРЛЕТЕ ГО ПО УПОТРЕБАТА

Голем дел од шишињата за минерална и обична вода, како и газирани и негазирани напитоци имаат назнака PET ( често и PETE) (со бр. 1 во триаголникот). Важно е да знаете дека тие се наменети исклучиво за еднократна употреба. Постои можност со секое следно полнење на вода да испуштаат тешки метали антимон, хемиско соединение EPA, кое го попречува делувањето на хормоните. Таквите шишиња можат да испуштаат и канцерогени материи.

ОВАА ПЛАСТИКА Е БЕЗБЕДНА

Ќе ја препознаете по назнаките HDP ( или HDPE),  LDPE и PP, или по броевите 2,4 и 5. LDPE e вид на пластика која, за жал, воглавно не се користи за изработка на шишиња, туку само за кесички за пакување на намирници. HDP е добар избор, како и PP која воглавно се користи за чаши за јогурт и е бела боја.

ОВАА АМБАЛАЖА ИЗГБЕГНУВАЈТЕ ЈА СОСЕМА

Тоа е пластика со назнаката PVC (некогаш и 3V), PS и PC ( често и без назнака), или по броевите во тријаголникот – 3,6 и 7.

PVC испушта две опасни хемикалии, кои ја попречуваат работата на хормоните во организмот.

PS испушта во водата канцерогена материја – STIREN. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или амбалажа за брза храна.

PC ( или без назнака – број 7) е најлошата пластика за амбалажа на прехрамбени производи бидејќи испушта опасна хемикалија BPA. За жал, се користи за амбалажи за бебиња, шишиња за спортисти и садови за подготовка на храна.

- Реклама -