Мажите што пијат многу кафе имаат поцврст пенис

Според една нова студија, мажите што пијат кофеин еквивалентен на количината во 2-3 филџани кафе дневно, имаат посилен пенис т.е. кај нив ризикот од еректилна дисфункција е помал.

Студијата е објавена од тексашкиот здравствено-научен центар во Хјустон, а во неа се покажа дека мажите што консумираат помеѓу 85 и 170 милиграми кофеин на ден имаат дури 42% помали шанси да страдаат од проблеми со ерекцијата, отколку оние што не се љубители на кофеинот. Мажите што консумират од 171 до 303 милиграми кофеин, пак, имаат 39% помали шанси за проблеми при перформансите во креветот.

Во студијата се земени во предвид повеќе извори на кофеин, како чај, сода и спортски пијалоци, покрај кафето.

Па, како работи? Кофеинот ги прави мускулите во пенисот порелаксирани. Таквите релаксирани фиброзни мускули значат поголем проток на крв, па оттаму и поцврста ерекција.

gty_coffee_bed_couple_thg_131007_16x9_992[1]

- Реклама -