Неверојатна писмена задача на еден гимназијалец

Со својата оригиналност, ученикот  ги освоил професорката и своите другари, а кога ќе прочитате и вас ќе ве остави без зборови.

Писмената задача за еден гимназијалец заслужува да издвоите неколку минути и внимателно да прочитате.

Темите на задачата биле „Коштана“ -српска драма и  „Светлината изчезна, престанав да читам и ме обзема тага: уште живеам“. Тој ја избрал втората тема.

Ученикот од Белград заслужено добил 5+

Уживајте во неговиот расказ.

Гледам, но очите ми се затворени. Го чувствувам мирисот на лакираното дрво. Помислив како мојот мртовечки ковчег е прилично добар за парите што ги дадов. Да, конечно умрев. Го слушам попот којшто пее и децата како викаат: -Лелее! Стрикоо! Одлучив малку да се прошетам, да видам дали баба Боса ми дојде на погреб. Се зачудив кога сфатив колку лесно се движам. Морам да признаам дека сум навистина задоволен.

Погребот беше прилично добро направен. Миле, првиот трубач со неговиот оркестар добро си ја извршија работата. Месото се печеше, а мојот пијан зет се валкаше во калта. Баба Стана со дедо Милош. Двајцата замислено седеа на мојот гроб и воздивнуваа.

Започнав да викам:

– Што кукаш стара, не сум мртов, повторно живеам, но сфатив дека не можат да ме слушнат. Ги погледнав моите внучиња и си помислив: -Ех деца, деца, на оној кој ве познаваше ни во пеколот нема тешко да му биде.

Во еден момент, почувствував како нешто ме крева нагоре.

-Епа дојде време да се разделиме. Патував добри пет часа. На вратите на рајот стоеше Свети Петар.

-Здраво Петре, дојде време да ги израмниме сметките.

Петар некое време налутено ме гледаше, кога конечно прозбори: -Не ти се пишува добро Владе, многу грешеше. Бог те чека.

Признавам, малку се уплашив, бидејќи, знаете, тоа ми беше првата средба со Бог, а не е мала работа. Молчам јас, молчи тој. И така молчиме половина час и конечно проговорив:

– Добар ден, Боже! Повторно тишина, а мене веќе започнаа нозете да ме болат. Па не умира човек секој ден.

Конечно Бог си ја поправи краватата, се намести на неговиот облак и ми рече: -Кажи Владе. Овој говор прилично долго го спремав, па се одлучив да му го кажам од првиот до последниот збор:

-Оче наш, господар на небесното царство, Ти кој одиш на небото, Творец на моето куче Марко, на моите синови Мирко и Жује, на баба Боса и дедо Радован, на мојот кум Спасоја и се извинувам ако сум заборавил некој поради брзањето.

Тука застанав бидејќи забележав дека малку се збуни. Замислете, Бог онака голем, јас толку малечок, да се збуни пред мене. Но, некако ги пронајде вистинските зборови и ми се обрати:

– Дали ти Владе ја прочита „Коштана“?

– Не – му реков јас.

-А дали Владе, забележа дека светлината исчезнува?

– Не, не забележав – му реков јас, цел збунет.

– Дали Владе тагата те обзеде? – Не Господе – реков – а зошто?

– Па затоа што, Владе, тие се темите на писмената задача, и се плашам дека ти ја промаши темата.

Бог е моќен – си помислив во себе…

- Реклама -