Која ви е омилената боја? Анкета во светски рамки

Истражување на оваа тема, беше спроведено во десет земји на четири континенти. Според истото, на луѓето најдрага им е сината боја.

Оваа анкета беше спроведена од фондацијата YouGov и покажа дека сината е најчест избор дури и во Кина, иако таму црвената ја симболизира среќата ( и владеењето на Комунистичката партија).

boja1
Омилените бои во светот

Освен најдрага боја, интересен е и изборот на втора најдрага, но и на онаа боја која никому не му е привлечна. На второто место се наоѓа црвената боја, која им е омилена на жителите на азиските земји и претставници од Европа.

boja2
Втората омилена боја

Обединетото кралство и САД, после сината, во најголем дел ја имаат посочено зелената боја, а Австралијанците – виолетовата.

Бојата која се најде на другата „црна листа“ е црната, за која се одлучија во најголем дел азиските земји, додека Американците не ја сакаат виолетовата. На Австралијанците најмалку им се допаѓа бордо.

boja3
Најмалку посакувана боја во светот
- Реклама -