Утре, без струја ќе бидат неколку улици во Скопје

Од 8.30 до 14.30 часот, струја утре ќе нема на чаирските улици Аврам Писевски, Ордан Чопела и Бајрам Шабани. 

Без струја од 9 до 12 часот ќе немаат жителите од улицата Скупи, подулица број 12, во Карпош, а од 8 до 15 часот, булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Од 12.30 до 14 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Мајски манифест во Ѓорче Петров, а од 9.30 до 12 часот, улицата број 33 во село Волково, во општина Ѓорче Петров.

- Реклама -