Светла и пространа куќа во срцето на Ванкувер

Канада е една од оние земји во светот кои нудат адекватна доза комфорт и семејна атмосфера, особено на есен, кога листопадот е во полн ек.

Стилот на живот во срцето на Ванкувер – еден од главните и просперитетни градови во земјата, несомнено е од семеен тип и личи на идеалот за американскиот сон.

1

Денеска ви нудиме пространа и светла куќа, која им припаѓа на пар Канаѓани кои штотуку го добиле посакуваното реновирање на својот дом.

Проѕирните столици во дневната, соединети со белата боја на ѕидовите, даваат чувство на светлина и создаваат релаксирачка атмосфера.

2

За нежната половина од двојката – Кели, важни биле елементите на мебелот во кујната и трпезаријата, бидејќи имаат многу пријатели и сакаат да пречекуваат гости на неделни средби.

3

Деталите од ентериерот во кујната и бизарните форми се оригинална комбинација со чист дизајн на мебел – во бели мотиви. Со високите столчиња домот на младата двојка наликува на типичен американски стил на внатрешен дизајн.

4

По поправката куќата веќе има и своја пространа соба за перење во која можат да се вршат секојдневните обврски.

5

- Реклама -