Најсмешните изјави од фудбалери

Издвојуваме само дел од многубројните смешни изјави кои останале запишани и долго ќе се паметат.

1. Моите родители отсекогаш ме поддржувале, уште од моите 7 години. – Дејвид Бекам

2. Не би ми било гајле и да ја загубиме секоја утакмица на натпреварите, само да го добиеме првенството. – Марк Видука

3. Изгубивме само затоа што не победивме. – Роналдо

4. Никогаш не сум посакал да заминам. Овде сум сиот свој живот, а се надевам дека ќе бидам и после тоа. – Алан Ширер

5. Би сакал да играм во италијанска лига, на пример, во Барселона. – Марк Дрејпер

6. Добив ужасен удар по левиот глужд, но нешто ми кажа дека всушност се работи за десниот. – Ли Хендри

7. Не можев да се снајдам во Италија, тоа беше како да живеам во странска земја.- Иан Раш

8. Дефинитивно одлучив да го крстам Бруклин, само уште не знам во која вера. – Дејвид Бекам

9. Не постои средина – или си добар или си лош. Ние бевме нешто помеѓу нив. – Гери Линкер

10. Бев изненаден, а секогаш велам дека во фудбалот ништо не може да ме изненади. – Лес Фердинанд.

- Реклама -