„Риф“ – нова апликација од Фејсбук

Најголемата социјална мрежа „Фејсбук“ и нејзиниот оддел „Креатив Лаб“ претставија нова апликација „Риф“.

Апликацијата е наменета за корисници на уреди со иОС и Андроид оперативни системи и овозможува повеќе корисници да учествуваат во креирање на видео со траење до 20 секунди.

Идејата започнува така што еден корисник означува тема и испраќа на своите пријатели или контакти видео што тие може да го надополнат. Со цел да не настане дополнителен хаос, корисникот кој ја дава темата има можност да го преуредува видеото, да брише одредени делови и на крајот го состави како што смета дека е најинтересно.

- Реклама -