Dream Live Festival – најдоброто од електронската музика на едно место

Оваа година по втор пат во Битола ќе се одржи фестивалот за електронска музика Dream Live Festival EDM EDITION.

17 април ќе биде празник за сите љубители на овој стил, поради тоа што организаторите го најавија присуството на најдобрите домашни артисти од пределот на електронската денс сцена.

По успешната прва година, очигледно овој настан станува традиција, а интересот расте. Ова ни дава надеж дека после експанзијата на кичот, сепак постојат љубители на квалитетната музика кои умеат да ја почувствуваат низ звуците на “Electronic Dance Music”.

За Биточани знаеме дека ќе бидат таму, а на останатите им порачуваме да го посетат овој фестивал.

Фестивалот ќе се случува на истата локација како лани, но овој пат ќе биде во Сала бр2 , Влез бр. 2 (Заден влез) .

Линк за локација.

Што се однесува до цената, картите во предпродажба ќе изнесуват 50 ден, а на врата ќе можете да ги купите за 100 ден.

Уживајте во добрата забава.

- Реклама -