Првиот пролетен ден го одбележаа стиховите

Освен тоа што денеска е 21 март, првиот ден од пролетта, на истиов датум се одбележува и светскиот ден на поезијата.

По тој повод во дел од кафулињата низ Скопје наместо со пари кафето до 14 часот можеше да се плати со стихови испишани врз посебно диајнирани салфетки. Засега овој настан како дел од меѓународната иницијатива која опфаќа популаризација на поетското творештво се случуваше само во три кафулиња, а се надеваме дека следната година ќе се прошири во рамки на целата земја, со цел да се развива културата за убаво пишаниот збор.

Бидејќи нашите стихови ги оставивме претпладнево во Старата скопска чаршија, за вас ги позајмивме оние на Томас Шапкот.

Сонце на столот крај прозорецот, зуење на муви
што удираат на тврдото стакло. Уште една пролет.
Силум тропам по стаклото, ќе видам ли
што има надвор – препознавам
светлина, облик и боја доволно верни да ги дофатам,
годишно време вистинско и присутно.
Стаклото не се крши, не постои отвор.
Штом гневот стивнува, секој инсект умира

Утре е лето.
Од скршеното стакло
поголема жештина, неуништлива светлина.
Мојот тесен кафез, ме затресува. Меѓутоа, кој ќе ги
заборави ветувањата? Напорот мора да вроди
некоја надокнада. Тогаш пак. Ај да пеам:
дур и брмчењето на мувите ја одредува пролетта.

- Реклама -