Изберете го совршениот лаптоп, таблет или смартфон, со помош на оваа интерактивна алатка

Постојат мал милион модели на смартфони, таблети и лаптопи, па избирањето на совршениот модел за вас воопшто не е лесна задача. Овој интерактивен графикон може во голема мера да го поедностави процесот.

За почеток, поставувате основен критериум, како оперативен систем, бренд или одреден модел. Потоа, имате можност да изберете од низа клучни спецификации, како сладирачка меморија, RAM, резолуција и големина на екранот, тежина, батерија и поддршка за мемориска картица. Инфографикот ќе ги филтрира сите модели што не одговараат на вашите барања и ќе ги прикаже во график со две оски: големина на екранот и цена.

screen

За жал, алатката не ви овозможува споредба на различни модели, во однос на спецификациите. Иако овозможува груб увид во разликата во цените, се чини дека тие се во голема мера ориентирани кон оние на Amazon, па не ви го препорачуваме графикот ако токму цената ви е приоритет. Сепак, оваа алатка ќе ви послужи како одлична почетна точка во потрагата по нов гаџет, заштедувајќи ви го сето тоа време што би го изгубиле разгледувајќи модели што не ги задоволуваат вашите барања.

Можете да ја најдете ТУКА.

- Реклама -