За едни бел, за други син: Каква боја е фустанот?

Оваа фотографија е вирална на интернет деновиве, откако се појавија сосема поделени мислења за тоа каква боја е фустанот.

Едни тврдат дека е бел со златно, а други се убедени дека е син со црно.

Дилемата започнала кога една мајка ѝ испратила на нејзината ќерка фотографија од фустанот што сакала да го носи на нејзината свадба. Кога ќерка ѝ му ја покажала фотографијата на својот сопруг, двајцата не можеле да се согласат. Па се вмешале другарките, па тетките, па стрините, па и цел интернет. Па и ние.

01

- Реклама -