Аудиција за нова играна серија за деца

Креативниот Центар Тинтири–Минтири во соработка со „Аурипигмент продукција“ организира аудиција за деца на возраст од 6 до 14 години, заради потребите на снимањето на новата македонска играно – анимирана серија за деца.

Новата македонска играно–анимирана серија за деца е од национален интерес, таа е во фаза на подготовки, а почетокот на снимање е најавен наскоро.

Заинтересираните можат да дојдат на аудицијата која ќе се одржи на 22 февруари (недела) во просториите на МТВ во 12.00 часот.

За да се претстават, децата треба да имаат подготвено една стихотворба и нешто по сопствен избор.

Заинтересираните можат да се пријават на аудицијата и да добијат професионално насочување, детектирање на талентот и насоки за понатмошно негување и развивање на истиот.

- Реклама -