Ова се случува кога слон ќе се изнервира од камера

Крис Бреј е фотограф кој поголемиот дел од своето време го поминува во истражување на убавините на Африка. Омилена активност му е поставување на GoPro камера меѓу животните, преку која го набљудува нивниот секојдневен живот.

Сепак, на еден слон во Кенија ова очигледно воошто не му се допаднало, па забележувајќи ја камерата на Крис, внимателно се приближил и ја згазил. Крис останал вчудоневиден што таа успеала да го преживее овој „напад“, но и воодушевен бидејќи видел како изгледа стапалото на слонот.

- Реклама -