Оргазам за паметење со помош на три секс пози

Ако не прашувате нас, сите пози се најдобри пози, но еве што избраа секс-експертите како топ 3.

Сексот е игра во која се потребни минимум двајца играчи. Токму поради тоа многу е важно позата која сте ја одбрале да пружи максимално уживање и за двајцата. Доколку сакате да му пружите на партнерот незаборавен секс и притоа да доживеете оргазам за паметење, обидете се со овие три пози и уживајте во секој миг.

Пеперутка

Голем дел од жените сакаат да бидат над партнерот, бидејќи имаат чувство на контрола во играта, а моќта е секогаш силен афродизијак. Мажот лежи на грб, а жената седи над него така што го гледа во очи, додека со нозете и се поставени од свете страни на неговото торзо. Жената си поигрува со движење во сите насоки за кои се задолжени колковите. Во оваа поза, жената има потполна контрола, па може самата да ја одредува брзината на движењата што ќе и овозможат лесно да постигне оргазам.

2-12-erotski-nachini-da-go-vozbudite-do-ludilo-kafepauza.mk_

Лажица

Оваа положба е популарна кај двата пола и е идеална за утрински секс. Мажот и жената лежат на страна, прилепени еден кон друг, а неговите раце се околу нејзиното тело. Станува збор за пријатна поза која овозможува лесни допири и страствени прегратки, бидејќи не заборавајте дека кожата е многу чувствителен дел, што може да биде силна ерогена зона.

ezikat-na-tialoto-mu-po-vreme-na-sex-6-framar

Поза 69

Позата 69 се уште не излегува од топ 3 листата, и голем дел од мажите и жените тоа го потврдуваат. Жената лежи спротивно од мажот и обратно, а главите им се кај меѓуножето на партнерот. Оваа поза овозможува примање и давање, а предност е што рацете се целосно слободни за дополнителна стимулација со прстите.

1297110081

- Реклама -