Играме за прво место во групата „Хрватска е фаворит, но не се даваме“

Вечерва македонската репрезентација ќе го одигра својот натпревар против репрезентацијата на Хрватска, на четвртиот натпревар од Светското првенство.

Се очекува ова да биде доста тежок, интересен и неизвесен меч, кој ќе одлучи која земја ќе биде прва во групата.

„Се доведовме во ситуација да имаме три победи во три настапи, идентичен учинок имаат и Хрватите и ова е дуел што ќе решава за првото место во групата. Јасно дека фаворит во овој дуел е Хрватска, но ние нема да се предадеме и ако ја повториме играта од натпреварот со Тунис сметам дека можеме да направиме изненадување. Хрватска според квалитетот е меѓу четирите најдобри на првенството имаат одлична игра во транзиција и ако успееме да ги неутрализираме нивните главни играчи мислам дека имаме шанса да забележиме победа”, вели Миркуловски пред натпреварот.

- Реклама -