Вечерва историски дуел во Катар: Татко ќе игра против својот син

Вечерва ќе се случува еден интересен настан на теренот на Светското првенство во ракомет, кога во две спротивставени екипи ќе се соочат татко и неговиот син.

Се работи за напреварот меѓу домаќинот Катар и актуелниот првак Шпанија.

Имено, Шпанецот Валеро Ривера Лопез е селектор на Катар, а неговиот син Валеро Ривера Фолх игра зад знамето на Шпанија.

„Ова ќе биде најтешкиот меч во мојата историја“, вели селекторот на Катар.

- Реклама -