Голужа: Шансите за Македонија – Хрватска се 50:50

Утре се очекува да биде одигран еден од најинтересните натпревар на мундијалот во Катар, што се однесува до нашата репрезентација. Се работи за мечот меѓу Македонија и Хрватска.

По тој повод се огласи за медиумите Хрватскиот селектор Славко Голужа, кој истакна дека  очекува тежок и нервозен натпревар против Македонија, кој треба да го одреди победникот во Б групата на ракометниот Мундијал во Катар.

„Македонија е составена од играчи кои се заедно во текот на целата година, бидејќи нивните репрезентативци играат во Вардар и Металург. Знаеме дека во текот на целата година имаат одлични тренинзи и за разлика од нас цело време се заедно им недостигаат само двајца-тројца играчи. Она што ме импресионира, но не ме чуди кога ќе погледнам кој ги тренира во Металург е што имаат дисциплина, техничка и тактичка, особено тоа се однесува на првиот меч со Тунис. Играа извонредно тоа е можеби нивниот најдобар натпревар во последните две-три години. Имаме голем респект кон Македонија, ги почитуваме и ќе се обидеме да одиграме што подобро против нив. Искрено шансите за победа се подеднакви“, вели хрватскиот селектор Голужа.

Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска ќе се случи во среда, во 17 часот

- Реклама -