Денеска е Свети Јован Крстител

Јован Крстител или Јован Претеча е  важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос, според евангелието на Лука и човекот кој што го крстил Исус во реката Јордан.

Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш после празникот Богојавление.

Јован постојано ги проповдал позитивните животни принципи, и жестоко ги критикувал неморалот, лагите, развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв.

 

Денес, во христијанството Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пророк Јахја ибн Закарија. Медејците пак го сметаат за единствен и вистински месија.

 

- Реклама -