Пепе во Фифа 2015, како Пепе во реалниот живот

Пепе е синоним за лоши стартови во фудбалот. Низ неговата кариера на дефанзивец во Реал Мадрид и Португалија има нанижано солидна бројка на благо-речено „немирни“ стартови. Па така, не е ни чудно што популарната компјутерска фудбалска симулација Фифа 2015 очигледно го има имплементирано тој негов физички аспект на фудбалот.

Како што покажува снимката, во играта на ЕА Sports, Пепе има одлична флексибилност и скокачки вештини, речиси како џелат. Кога ова би се случило во реалност, сигурно би се соочил со доооолга казна со неиграње, ако не и за личен напад за кој би требало да се брани на суд.

- Реклама -