После победата над Тунис, на ред е Иран

Македонската ракометна репрезентација со успех го започна Светското првенство во Катар, сп победата над Тунис. Не помалку добро треба да се одигра и денеска против најмладата репрезентација на мундијалот – Иран, која, како што вели капетанот Кире Лазаров, не смее да се потцени.

– Очекуваме да победиме на секој натпревар бидејќи имаме квалитетен тим. Одиме на нов триумф иако знаеме дека против себе имаме квалитетен противник во тешка група. Не смееме да потцениме никого, но ние сме фаворити со оглед на квалитетните ракометари и долгата клупа со која располагаме. Сигурно можеме да одиграме уште еден добар натпревар, – изјави македонскиот капитен Кире Лазаров во пресрет на дуелот против Иран.

Тој вчера постигна 10 гола на дуелот со Тунис и е втор најдобар стрелец на првенството, а победата и ја посвети на својата ќерка Лана која прославуваше роденден.

Дуелот Македонија-Иран започнува од 17 часот.

- Реклама -