Со „oблечениот човек“ на Игор Џамбазов, започнува зимскиот фестивал на книгата

И оваа година Издавачкиот центар ТРИ организира Зимски фестивал на книгата и подготвува празнична програма за своите читатели.

Фестивалот ќе трае од 20.12. до 31.01.2015, за сите кои сакаат да подарат книга.

Сите изданија за време на овие денови ќе бидат со празничен попуст до 50%.

Фестивалот ќе го отвори Игор Џамбазов, на 20.12. (сабота), од 14 часот, каде што читателите ќе можат да ја купат неговата најнова книга „Облечен човек“ по празнична цена и да се дружат со својот омилен автор.

Во духот на празниците, издавачката куќа подготвува и изненадување за своите најверни читатели. Но, за да не ја расипеме магијата на подарувањето, тоа засега ќе остане тајна!

Poster Zimski festival na knigata TRI

- Реклама -