Приказна за рајот и пеколот

Еден човек починал и бидејќи бил праведен, отишол во рајот.

Таму било прекрасно – зелени ливади опсипани со цвеќиња, вечна пролет, изобилство од сите благодети. Долго се радувал праведникот на својата судбина, но еден ден го скокотнала љубопитност и му рекол на Бога:

– Господи, дозволи ми да видам пеколот!

Бог се согласил и му го отворил небото за да фрли поглед кон грешниците и нивните маки.

На изненадување на праведникот, тој ја видел апсолутно истата слика, како и во Рајот – привлечна глетка, изобилство на благодети … Единствената разлика била што сите луѓе кои биле таму, изгледале крајно несреќни, плачеле и страдале од судбината.

– Зошто плачат, Господи? – прашал праведникот. – Не гледаат ли дека живеат во рајот како нас?

– Не – одговорил Бог. – Тие мислат дека ништо не им е дадено. Тие веруваат дека во Рајот е сосема поинакво и многу поубаво место. Тоа е единствената разлика помеѓу вечното рајското блаженство и пеколните маки.

- Реклама -