Колку долго „траат“ Македонците во сексот?

Порно сајтот PornHub објави статистички податоци за тоа кои мажи и од кои делови на светот се најиздржливи во креветот. За критериум е земено времето кое го поминале на порно сајтот, а „титулата заврши во рацете“ на мажите од Западна Сахара, со просечно време од 16 минути и 16 секунди. Зад нив се Кинезите (14:34) и Филипинците, со време од 14:22 минути.

Најмалку издржливи, како што убедува PornHub, се Палестинците и Ирачаните, со просек од околу 5 минути.

Во нашиот регион, најмалку порно гледаат Босанците (6:46), а најмногу Грците (8:34). Зад нив, најмногу време на сајтот поминуваат Албанците (8:13), Бугарите (7:44), Македонците (7:33), Хрватите (7:32) и Србите (7:00).

Податоците за „сексуалната издржливост“ на мажите од останатите делови на светот можете да ги погледнете на интерактивната мапа на PornHub.

- Реклама -